Навивачите на Реал една работа никогаш нема да им простат на Мбапе и Винисиус јуниор

Поранешниот шпански репрезентативен голман, Сантијаго Кањизарес, смета дека Килијан Мбапе и Винисиус јуниор мора да поправат една работа во нивната игра доколку сакаат да не се соочат со свирежи од „Сантијаго Бернабеу“ во блиска иднина.

„Навивачите на Реал Мадрид не ги критикуваат Мбапе и Винисиус јуниор по едно лошо додавање или погрешна одлука. Свирежите и критиките од трибините за двајцата играчи се поради тоа што кога ќе ја загубат топката, тие се шетаат на теренот. Навивачите сакаат да видат реакција, спринт и борба да се врати топката во нивен посед. Тоа е што навивачите на Реал го бараат од своиоте лидери“, смета Кањизарес.

Винисиус јуниор доби свирежи на завчерашниот дуел на Реал со Интер (2:1) на стартот од Лигата на шампионите, а навивачите на Кралевите негодуваа и поради промашувањата на Мбапе на истиот натпревар.

Се вчитува...