Навивачите на Реал Мадрид немаат дилема за иднината на Лука Модриќ (ВИДЕО)

Фудбалерите на Реал Мадрид денеска на плоштадот во главниот град на Шпанија ја прославија шампионската титула во Ли Лига. Избраниците на Анчелоти истата ја осигураа веќе претходното коло, а по триумфот над Гранада од 4-0 во вчерашниот натпревар следеше и големо славје заедно со навивачите.

На балконот поголем број од фудбалерите им се обратија на навивачите, а еден од нив беше и Лука Модриќ, хрватскиот витуоз чиј договор со „кралскиот клуб“ истекува на крајот на сезоната.

„Добар ден мадридисти. Ви благодарам што дојдовте тука и што ни дававте поддршка во текот на целата сезона“, започна Модриќ по што следеаа и овации од публиката и порака да остане во клубот.

Очекувањата се дека во следните денови Модриќ ќе седне на маса со раководството на клубот водено од претседателот Флорентино Перез за дискусија за можно продолжување на соработката на уште една сезона.

Се вчитува...