Навивачите на Манчестер сити искажаа огромна разочараност од одлуката на клубот и во моментите кога нема натпревари, поради коронавирусот, да ги плаќаат месечните членарини за билети за натпревари.
Поголемиот дел од навивачите на „граѓаните“ добиле пораки од клубот дека и овој месец ќе им биде наплатено за сезонските билети, и покрај тоа што нема натпревари.
„Ова е срамно. Добивме порака дека ќе мора да платиме, иако како да се играат натпревари. Знаеме дека во ваква ситуација секој треба да допринесе за ликвидност на клубот, но зарем од навивачите на кои, исто така, во овие тешки времиња им се неопходни финансиски средства, да се земаат пари за неодиграни натпревари“ – се прашуваат навивачите на Сити.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА