Навивачите на Тетекс гневни: Целата вистина за новата управа на клубот е дека се обични преваранти!

Пред утрешниот старт на сезоната во Втората лига, еден од најстарите македонски клубови ФК Тетекс собра сили и финансии да го обезбеди учеството за новата сезона во натпреварувањата на ФФМ.

Сепак, најверните навивачи на Тетекс се повеќе од гневни на сите случувања во клубот изминатите месеци и новата управа и стручен штаб, кои ниту од далеку не ги исполнија ветувањата за изгледот на клубот при нивното доаѓање.

Тетекс мина низ резултати очајни подготовки, што само навестува лоша сезона за „штофарите“. Од таму и гневот на навивачите кои преку соопштение тврдат дека клубот е уништен само поради лични интереси.

„Кога дојдовте вашата уста ви беше полна со ветувања, од големи суми кои ќе носевте во клубот, целосно реновирање на соблекувалната и клубските простории како и влез на младинците во супер лига. Измислени скаути од Турција, каде секоја година ќе продававте тетексови фудбалери, за на крај да се воспостави дека сте обичен потрчко и измеќар на А.Т кој го донесе најдобриот другар – брат и преварант Бојан Захариев во ФК Тетекс, притоа да крие од цело Тетово бидејќи јасно му беше дека никој нема да го прифати поради неговото лошо минато по македонските клубови. А во клубот мачкавте очи дека ќе одите на преговори во Турција итн… И зошто тоа беше таќе? Поради тоа што цел живот имате огромна корист од Тетекс и сакавте ваши људи да раководат со клубот, и тие пари што ќе влезат вие да ги земете, а низ градот да се перете дека немате никаква фунција во Тетекс. Префрлање на топката дека други носат одлуки а не вие. За на крај да дојдеме до заклучок дека всушност вие ги носевте одлуките овие два месеца. Сега настана вистински хаос, едвај платена котизација за учество во ВМФЛ, платени припреми во Струга за на крај да не се оди (отпосле: многу голем трошок бил), немање пари за плата за фудбалери кој дел ако не и појќе заминаа од Тетекс“ – се вели во реакцијата од навивачите на ФК Тетекс.

Се вчитува...