Навивачите на Вулверхемптон со шишиња по Стирлинг, сантиметри спречија трагедија

Вулверхемптон по голем пресврт синоќа со 3-2 славеше против Манчестер сити во последниот натпревар од 19. коло во Премиерлигата.

Мечот донесе се што еден англиски натпревар може да донесе, црвен картон, промашен и повторен пенал, пресврт од 0-2 до 3-2 и голема победа за домашните во претпоследната минута.

Но, натпреварот го одбележа и инцидентот во 24. минута кога беше досуден пенал за гостите. Одговорноста ја презеде Стирлинг чиј шут го одбрани Руи Патрисио. Но, славјето на домашните навивачи брзо престана откако судијата донесе одлука пеналот повторно да се повтори. Во вториот обид Стирлинг беше прецизен што ги доведе до лудило домашните навивачи, па гаѓаа со шишиња со алкохол на теренот.

Среќа, Стирлинг беше промашен за некој сантиметар на тој начин и спречена трагедија.

Се вчитува...