Навивачите влетаа на „Олд Трафорд“ – се бара оставка од газдите на Манчестер Јунајтед

Големото дерби со Ливерпул е идеална можност за навивачите на Манчестер Јунајтед да го кренат гласот против американските сопственици на клубот, барајќи нивно заминување.

Над 50 фанови за „црвените ѓаволи“ денеска влетаа на теренот на „Олд Трафорд“, протестирајќи против семејството Глејзер кое според нив е највиновно што овој тим со години се нема искачено на врвот на англискиот фудбал. Чашата од незадоволство беше прелиена откако Јунајтед беше дел од промашениот проект наречен Суперлига на Европа, директорот Ед Вудворд веќе си поднесе оставка, но навивачите инсистираат заедно со него клубот да го науштат и сопствениците.

Семејството Глејзер во последните години одби неколку понуди за да го продаде управувачкиот пакет акции во клубот, па останува да се види дали се поголемото незадоволство на фановите ќе ги натера Американците да го променат својот став на оваа тема.

Се вчитува...