Навивачите во Англија ќе бидат проверувани за Ковид-19 по случаен избор

Фановите на фудбалот во Англија ќе бидат подложени на случајни проверки на нивниот статус со Ковид-19 на стадионите во Англија во новата сезона, вака барем објави Премиер лигата. Правилникот е јасен, ќе мора да имаат докази за целосна вакцинација или негативен ПСР тест даден до 48 часа пред натпреварот.

Премиерлигата објасни дека се воведени случајни проверки на различни места на стадионот за да се избегне гужва на одделни контролни пунктови. Исто така, од поддржувачите ќе се бара да носат маски во затворени простории и ќе бидат охрабрени да избегнуваат контакт со странци на или околу стадионите.

„Иако државата постепено се отвoра, владата јасно стави до знаење дека пандемијата не е завршена. Усогласеноста со безбедноста на натпреварот исто така нема дефинитивни насоки и правилата може да се променат на краток рок”, се вели во соопштението.

Премиерот Борис Џонсон ги укина ограничувањата на 19 јули, а минатата недела бројот на заболувања се зголеми за 5 проценти од претходната. Бројот на позитивни тестови во понеделникот беше 25.161. Сезоната во Премиер лигата започнува во петок со натпреварот помеѓу Брентфорд и Арсенал.

Се вчитува...