Навреди и закани кон Влаховиќ пред неговиот трансфер на кариерата

Јувентус синоќа испрати официјална понуда до Фиорентина за услугите на напаѓачот Душан Влаховиќ, а Србинот сака по секоја цена да замине во Торино.

Навосно се работи за понуда од 60 милиони евра плус бонуси, а челниците на „Старата дама“ не сакаат да губат време, туку Влаховиќ да го ангажираат уште оваа зима.

Тоа ги разлути навивачите на Фиорентина, кои на социјалните мрежи го навредуваат Влаховиќ, и нема да му го простат овој трансфер. Исто така пред стадионот се појавија пораки упатени кон српскиот голгетер, но и закани.

Фиорентина наводно бара 75 милиони евра за услугите на Србинот.

Се вчитува...