Навреди за судијата на мечот Сити – Монако: Тој е п..ка!

Манчестер сити и Монако одиграа синоќа меч кој ќе влезе во аналите на Лигата на шампионите. Сити победи со 5-3, иако Монако водеше со 1-2 и 2-3.

Навивачите на Сити тешко го преживуваа дуелот, меѓу другото и поради судењето. Тоа посебно се однесува на 35. минута кога Агуеро беше соборен во противничкиот шеснаесетник, а судијата Матеу Лахоз место пенал и картон за Субашиќ, се одлучи да го казни Агуеро за наводна симулација.

Aguero yellow card (Diving) HD by SportsZone2017

Тоа предизвика бес кај многу фанови на Манчестер сити, меѓу кои и кај музичарот Лиам Галагер…

„Овој судија е п..чка!“ – напиша Галагер на својот Твитер профил. Сепак, на крајот Галагер можеше да биде задоволен по победата на неговите „граѓани“.

Се вчитува...