Назор: Не смееме опуштено да пристапуваме на вакви важни натпревари

Тренерот на МЗТ Скопје, Анте Назор им ја честиташе победата на противникот, кој вечерва беше поразположен и повеќе ја посакуваше победата. Хрватскиот стратег знае дека неговиот тим не смее да се опуштено да пристапува во оваа финална серија, па смета дека мора значително да се подобрат во одбраната за следната средба.„Им честитам на победата. Вечерва Соколи беа подобар противник, одигра многу подобро од нас, повеќе ја посакуваа победата. Ние едноставно не смееме да дозволиме ни се случуваат вакви натпревари. Не смееме да дозволиме волку поени во нашиот кош, тоа е најосновно. Веќе втор меч нас ни се случува да заиграме подобро во вториот дел. Мораме многу подобро да ги започнуваме мечевите, да влеземе многу поцврсто, поодговорно во одбраната и да не дозволиме ваков пад на концентрацијата. Треба да го поправиме бројот на изгубени топки како и течноста на играта. Сега со кренати глави да ги поправиме грешките и да се подготвиме за следната среба, која е во петок“ – изјави Назор.

Се вчитува...