Назор: Повторно ни пресуди падот на концентрацијата

Тренерот на МЗТ Скопје, Анте Назор вели дека виновник за новиот пораз на неговата екипа во „Борис Трајковски“ е падот на концентрацијата.

Стратегот на „аеродромците“ истакна по денешниот меч дека неговата екипа мора значително да се поправи во неколку сегменти доколку сакаат да ја одбранат титулата.

„Како и последната средба што се одигра во оваа сала, ние мечот го загубивме во втората четвртина. Повторно во второто полувреме моравме да бркаме резултат, имавме и шанса да се изедначиме резултатски, но пресуди падот на концентрацијата. Не го ценевме доволно поседот на топката, не го ценевме и дополнителниот напор што го вложивме за да го стигнеме противникот. Јас морам да навестам дека мора значително да ги поправиме ваквите грешки, за на крајот да ја одбраниме титулата. Сега не е важно кој игра на домашен терен, бидејќи остана само еден, решавачки меч. Ќе победи оној кој ќе биде психолошки подобро подготвен“ – истакна Назор.

Се вчитува...