Назор: Заигравме тимски и борбено кога беше најпотребно

Тренерот на МЗТ Скопје, Анте Назор, по првиот финален дуел истакна дека очекуваше ваков тежок и неизвесен натпревар, но задоволен е што неговите избраници успеаа да се вратат по негативата и да ја остварат првата победа во финалната серија. Назор имаше замерка за функционирањето во одбраната на неговиот тим, па смета дека треба значително да се поправат во тој сегмент за следниот дуел.

„Тежок и незвесен натпревар, тоа се очекуваше и пред стартот. Противникот играше одлично, ни направи доста проблеми, но ние покажавме карактер и заигравме тимски кога беше најтешко и најпотребно. Мило ми е што се вративме резултатски и остваривме многу важна прва победа. Мора да играме подобро во одбраната и да го поправиме протокот на топката, имавме многу проблеми во тој дел, поготово во ситуациите еден на еден. Треба да ги поправиме тие грешки за следниот натпревар и да се обидеме да играме уште подобро. Неизвесни ќе бидат и наредните средби, тоа е сигурно“ – изјави Назор.

Се вчитува...