НБА: Богдановиќ повторно повреден, но Атланта одигра за него и го победи Голден Стејт

Кошаркарите на Атланта Хокс на свој паркет ги совладаа Голден Стејт Вориорс со 121-110 и покрај тоа што ја немаа помошта од српскиот кошаркар Богдан Богдановиќ.

Богдановиќ одигра одлично во претходниот период и на последните четири натпревари во кои беше на теренот двапати запиша плус 30 поени. Но, пред мечот со Вориорс, Србинот повторно се пожалил на болки во десното колено, кое често му прави проблеми, па поради тоа и лекарскиот тим одлучил да го изостави од тимот.

Сепак, тоа не и пречеше на Атланта да ги совлада Вориорс во својата „Стејт Фарм Арена“, во чии редови блесна Клеј Томпсон со 37 поени и девет тројки од 16 обиди.

Атланта ја доби клучната предност во вториот и третиот период, што подоцна и обезбеди помирна завршница. Тре Јанг беше најдобар во таборот на Хокс со 33 поени и 15 асистенции.

Останати натпревари:

Шарлот Хорнетс – Јута Џез 107:101

Детроит Пистонс – Вашингтон Визардс 97:100

Мајами Хит – Њујорк Никс 103:111

Минесота Тимбервулфс – Далас Маверикс 95:116

Портланд Трејлблејзерс – Хјустон Рокетс 106:125

ЛА Клиперс – Филаделфија 76ерс 97:122

Се вчитува...