НБА: Феникс Санс гази се пред себе – Џејмс „блесна“, но Лејкерси повторно поразени

Тимот на Феникс не знае за пораз, откако успеа да го запише и осмиот триумф во низа и да ја продолжи победничката серија во НБА лигата. Овој пат Санс славеше над Филаделфија со 114-104.

Кај домаќините се истакна Девин Букер, кој постигна 35 поени, а потоа следуваше Крис Пол со 19 поени и 14 асистенции.

Од останатите натпревари, Њу Орлеанс тимот му нанесе нов пораз на Лејкерс (116-108). Леброн уфрли 39 поени, но ниту одличната игра на Џејмс не беше доволна за запирање на „црната серија“ на тимот од Лос Анџелес.

РЕЗУЛТАТИ:

Бостон – Минесота 134:112

Вашингтон – Голден Стејт 123:115

Бруклин – Шарлот 110:119

Далас – Јута 114:100

Се вчитува...