НБА го изненади Јокиќ: Српски ора се „виеја“ среде мечот во Вашингтон (ВИДЕО)

Никола Јокиќ брилјираше во победата на Денвер на гостувањето во Вашингтон со 104-118 со 31 поен, 12 скока и седум асистенции, на тој начин рушејќи го Лука Дончиќ кој досега ја предводеше лигата по бројот на натпревари со ефект 30/10/5 во најважните категории.

Но, Јокиќ неочекувано имаше и буквално домашна атмосфера во главниот град на САД. НБА како изненадување за една од најголемите свои ѕвезди приреди „Ноќ на српската култура“ во Вашингтон. Тамошниот Српски културен центар приреди богата програма на воодушевување на бројните локални Срби на трибините кои беа присутни во Вашингтон да го видат националниот спортски херој.

Сето тоа го воодушеви и Никола Јокиќ кој по мечот призна дека не знаел што го чека во Вашингтон.

„Искрено, не го очекував ова, но навистина ми е драго. Имаше многу српски знамиња, поддршка и убава атмосфера, навистина сум среќен“ – изјави на крајот Јокиќ.

Се вчитува...