НБА го казни Џими Батлер

Кошаркарот на Мајами Џими Батлер е казнет со парична казна од 25.000 долари од страна на НБА, поради тоа што не се појавил пред новинарите по мечот со Бостон.

Мајами во третиот меч го совлада Бостон со 128:102, а Батлер по завршувањето на мечот не се појавил да даде изјави за новинарите, кое е задолжително. Не е позната причината поради што кошаркарот на Мајами не се појавил пред медиумите.

Мајами води со 3:0 во победи, и во вторник ќе има шанса да стигне до финалето. Таму е веќе Денвер кој со 4:0 го „збриша“ составот на ЛА Лејкерс.

Се вчитува...