НБА: Голден Стејт со крајни маки до тесна победа над Јута – Батлер го сруши рекордот на Леброн

Тимот на Голден Стејт славеше тесна победа против Јута, издвојувајќи победа со конечен резултат од 94-92. Џордан Пул ги предводеше победниците со 20 поени, Ендру Вигинс додаде 14. Бојан Богдановиќ постигна 21 поен за Јута, додека Руди Гобер додаде 12 поени и 18 скокови.

Кошаркарите на Далас го победија Мемфис со 104-91, а овој натпревар го добија на крилјата на извонредниот Лука Дончиќ, кој запиша 37 поени, 11 скока и девет асистенции.

 

 

 

Играчите на Мајами славеа победа над Лос Анџелес Лејкерс со 113-107 во натпревар во кој Џими Батлер го собори рекордот на Леброн Џејмс за трипл-дабл во дресот на Хит.

Батлер го завршил натпреварот со 20 поени, 10 скока и 12 асистенции. Ова беше неговиот десетти трипл-дабл во регуларниот дел од сезоната за Мајами, со што дојде до едба беојка повеќе од Џејмс во четирите сезони поминати во овој клуб.

 

Се вчитува...