НБА: Големо враќање на Дончиќ, Браун броеше до 50 за нов рекорд во клупската кариера

Кошаркарите на Далас синоќа го победија тимот од Оклахома со 95-86 и стигнаа до својот втор триумф во низа во најсилната кошаркарска лига во светот НБА.

Тим Хардавеј и Маркус Крис постигнаа по 15 поени во победата на својот тим, додека Крис забележа седум скока, а извонредниот Лука Дончиќ се врати во голем стил со дабл-дабл (14 поени и 10 асистенции, и плус девет скока).

Дончиќ ги пропушти претходните 10 натпревари поради повреда и влегување во изолација, поради коронавирусот, па ова беше неговиот најдолг одмор во НБА.

Тимот на Бостон обезбеди победа по продолженијата, откако триумфираше над Орландо со 116-111. Најефикасен во домашниот тим беше Џамал Браун со 50 поени и 11 скокови, неверојатна игра со која запиша нов рекорд во својата клупска кариера.

Од останатите натпревари Лос Анџелес Лејкерс ја победи Минесота со 108-103 на домашен терен. Сакраменто новата година ја започна триумфално против Мајами со 115-113, додека тимот на Феникс издвои сигурна победа над Шарлот со 133-99.

Се вчитува...