НБА: Јокиќ немоќен, Бостон го прегази Денвер (ВИДЕО)

Кошаркарите на Бостон Селтикс заверија убедлива победа над тимот на Никола Јоќик и компанија, успевајќи да го поразат Денвер Нагетс со резултат од 124-104.

„Селтекси“ на крилјата на Џејсон Тејтум и Џејлен Браун го неутрализираа Денвер, откако овие двајца кошаркари успеаа да запишат по 30 поени зад своите имиња.

Никола Јокиќ се истакна во тимот на поразените, но беше немоќен против одбраната на Бостон, па постигна „скромни“ за него 23 поени. Како тим, Нагетс шутираа само 40% од поле, што беше далеку од 57% на Бостон.

Крајниот исход од овој дуел го означи четвртиот пораз на Денвер во последните шест натпревари.

ОСТАНАТИ РЕЗУЛТАТИ:

Њујорк – Јута 93:108

Голден Стејт – Сан Антонио 108:110

Филаделфија – Торонто 88:93

 

 

 

Се вчитува...