НБА ќе добие нов шампион, Милвоки поразен во Бостон

НБА лигата оваа сезона ќе донесе нов шампион, откако вечерва бранителот на титулата Милвоки Бакс доживеа пораз со 81-109 во „мајсторката“ од полуфиналето на Источната конференција и нема да ја брани титулата освоена изминатата година.

Бостон одигра одличен натпревар, особено доминираше во второто полувреме во кое буквално го растури противникот и по две сезони се враќа во конференциското финале. Противник, како и во 2020 година ќе му биде Мајами Хит од кого во „балонот“ во Орландо загуби со 2-4.

Прво име вечерва беше Грент Вилијамс кој постигна 27 поени, а Џејсон ТЕјтум додаде 23. Јанис Адетокумбо одигра уште еден маестрален меч, постигна 25 поени, 20 скока и 9 асистенции, но не можеше сам против далеку подобриот ривал.

Финалната серија во Источната конференција почнува в среда наутро, во 2.30 часот по средноевропско време, а предноста на домашниот терен ќе ја има Мајами.

Се вчитува...