НБА-кошаркар облеан во крв, претепан пред стриптиз бар (ВИДЕО)

Стерлинг Браун, кошаркарот на Хјустон рокитс, ќе има лошо спомени од ноќна забава по која бил претепан пред стриптиз клуб во Мајами, откако по излегувањето влегол во погрешна кола.

Ноќеска во САД се појави видео на кое се гледа целосно раскрвавениот играч на „ракетите“, но и неговиот соиграч Кевин Портер Јуниор, кој има жестока вербална кавга со полицијата. Според американските медиуми, лицата од колата во која по грешка влегол Браун го нападнале со стаклени шишиња, поради што бил целосно облеан со крв.

Двајцата кошаркари по кусиот разговор со полицајците заминале во болница, каде што на повредениот играч му била укажана лекарска помош.

 

 

 

Се вчитува...