НБА лигата го претстави трофејот „Коби Брајант“ (ВИДЕО)

Неполн месец не дели до одржувањето на новиот Ол-стар натпревар во НБА лигата кој ќе биде одбележан во чест на Коби Брајант. Имено, станува збор за трофејот кој ќе му биде доделен на најкорисниот играч и е целосно во знакот на легендарниот кошаркар кој прерано замина од овој свет.

Истиот има четири нова со тоа што првото ниво има 24 ѕвезди – симбол на бројот 24 кој го носеше Брајант во вториот дел од својата кариера. Висок е 7 инчи во знак на неверојатниот Ол-стар натпревар во 2007 година на кој „црната Мамба“ го освои МВП признанието.

Второто ниво има десет ѕвезди во знак на бројот кој го носеше Коби настапувајќи за репрезентацијата на САД на Олимписките игри, а висок е 9 инчи во чест на МВП признанието од Ол-стар натпреварот во 2009 година.

На третото ниво има 5 ѕвезди – онолку колку што трофеи има легендарниот кошаркар во својата кариера, а четвртиот дел има само една ѕвезда посветена на МВП признанието за сезоната 2007/08 со тоа што е висок 2 инчи кои ги симболизираат двете МВП признанија од финалните средби.

Се вчитува...