НБА: Луди пет секунди со две неверојатни тројки кои долго ќе се помнат (ВИДЕО)

Њу Орлеанс стигна до деветата победа во сезоната откако славеше со 110-113 на гостувањето кај Оклахома по луда завршница во која за пет секунди беа постигнати две неверојатни тројки.

На 1.4 секунди пред крајот на мечот Шаи Гилгеус-Александар од тешка ситуација со тројка од речиси половина терен донесе изедначување за Оклахома и лудило во салата каде навивачите очекуваа продолженија, но тогаш на сцена настапи Девонте Грем кој од повеќе од 18 метра преку рака успеа да погоди во противничкиот обрач.

Се вчитува...