НБА: Мајами до „брејк“ кај Атланта, Богдановиќ и компанија пред елиминација

Во четвртиот натпревар од првото коло на Источната конференција на НБА плејофот, Мајами како гостин ја совлада Атланта со 110-86 и поведе со 3-1 во серијата.

На Запад, Њу Орлеанс беше подобар дома од Феникс 118-103 и израмни на 2-2.

Мајами направи голем чекор кон пласманот во конференциското полуфинале. Ретко кој тим низ историјата успеал да направи пресврт во серијата кога губел со 3-1, а впечаток е дека оваа Атланта сега едноставно не може да го направи тоа. Едноставно, Мајами е подобар тим и треба да се случи вистинско чудо доколку не се најде меѓу четирите клубови на Истокот, а првата шанса ќе ја има на петтиот меч кој се игра на Флорида.

Домаќинот почна подобро. Богдан Богдановиќ и соиграчите дури во втората четвртина стигнаа и до +8 (37-29), по што следеше серија на Мајами од 15-0 што ја промени динамиката на натпреварот. На полувремето гостите заминаа со 14 поени разлика (55-41), а до крајот на мечот освен во неколку наврати не ја испуштија двоцифрената предност која изнесуваше максимални 26 поени разлика (95-69).

Кај победникот Џими Батлер мечот го заврши со дабл-дабл учинок од 36 поени и 10 скока, Адебајо и Такер имаа по 14 поени. Од домаќините, Хантер беше најефикасен со 24 поени, Нокс постигна 12,. На овој двобој потрфрлија Тре Јанг со девет и Богдан Богдановиќ со четири поени.

 

 

 

Се вчитува...