НБА: На „крилјата“ на Харден, Филаделфија се враќа во игра – Триумф за израмнување во серијата со Мајами (ВИДЕО)

Кошаркарите на Филаделфија израмнија на 2-2 во полуфиналната серија на Источната конференција во НБА плејофот. Тимот на Док Риверс беше подобар од Мајами Хит 116-108, а клучен човек во победата на домашниот тим беше Џејмс Харден, чија игра потсети на неговите најдобри денови, постигнувајќи четири тројки во последните четвртина.

Следниот натпревар од серијата ќе се игра ноќта меѓу вторник и среда во Мајами, а во финалето на Истокот ќе се пласира екипата која прва ќе стигне до четири победи.

Првото полувреме беше изедначено, во кое гостинската екипа имаше мала предност, Филаделфија заигра многу подобро во продолжението од мечот. Џејмс Харден направи чекор напред и играше далеку подобро отколку досега во неговиот мандат во Филаделфија. Харден во последниот дел постигна 16 поени, од кои четири тројки. Тој вкупно за 41 минута игра запиша вкупно 31 поен (8/18 од игра, 9/10 слободни фрлања), 7 скока, 9 асистенции, но и 9 загубени топки.

 

 

Се вчитува...