НБА: Незапирливиот Јокиќ донесе нова победа на Денвер – Лејкерси дополнително оддалечени од плеј-офот (ВИДЕО)

Кошаркарите на Денвер го совладаа Лејкерс во Лос Анџелес со 129-118 и дополнително го тргнаа тимот од Калифорнија од пласманот во плеј-офот со уште една одлична партија на Никола Јокиќ, Србинот запиша 38 поени зад своието име.

Екипата на Колорадо моментално е шеста на Западот со скор 47-32, додека Лејкерси се 11-ти во истата конференција со скор 21-47. Десеттопласираниот Сан Антонио има исход од 32-45.

Во домашниот тим го немаше повредениот Леброн Џејмс, но Лејкерси без него имаа предност во поголемиот дел од првото полувреме, најмногу плус 9. Сепак, Денвер направи пресврт со серија од 8-2 и на одмор заминаа со минимална предност од 62-61.

Одлуката за победникот падна на нешто помалку од пет минути до крајот, кога Нагетс дојдоа до десет поени предност – 116-106.

Во поразениот тим Ентони Дејвис постигна 28 поени, Расел Вестбрук додаде 27, додека Кармело Ентони имаше 17 поени.

 

 

 

 

Се вчитува...