НБА: Нов пораз за Дончиќ и Далас, Голден Стејт на чекор до пласман во големото финале (ВИДЕО)

Голден Стејт Вориорс го совлада Далас Маверикс со резултат 100-109 и поведе со 3-0 во финалната серија од Западната конференција на НБА лигата.

Тимот на Голден Стејт уште еднаш одлично му парираше на Далас, првиот период го добија со 22-25, додека во вториот домаќините барем за момент покажаа подобра одбрана и поефикасен напад, успевајќи да го освојат со 25-23.

Сепак, во второто полувреме гостите ја направија поголемата разлика, одиграа неколку фуриозни напади со што го добија третиот период со 21-30. Вориорс ја имаше контролата над резултатот и во последната четвртина за победа од 3-0 во серијата.

Лука Дончиќ се истакна кај гостите, Словенецот го заврши овој меч со 40 поени, три асистенции и единаесет скока, додека Стивен Кари ги предводеше Вориорси до победата со 31 поени, пет скока и единаесет асистенции.

Далас има уште една шанса за пресврт во овој дуел, Дончиќ и компанија и следниот натпревар од финалето на Западната конференција ќе го играат на домашен терен.

 

 

 

Се вчитува...