НБА остава простор за ЛОИ во Токио, а ќе има и 25% помалку патувања

Администрацијата на НБА-лигата инсистира на тоа следната сезона да почне на 22. декември, а тој предлог и покрај тоа што не е популарен кај кошаркарите би донел и некои предности, пренесуваат американските медиуми.

Лигата истапи со предлог според кој би се работело патувањата да се намалат за 25%, но и да се ограничат „бек ту бек“ натпреварите на само четиринаесет по франшиза. Тоа би значело дека една екипа во текот на сезоната ќе има два натпревари во две ноќи во максимално седум случаи. План е регуларната сезона да заврши на 16. мај, а потоа да се организира плеј-ин за тимовите кои се од 7. до 10. позиција кој би требало да почне на 22. мај.

Финалето во тој случај би завршило на 22. јули, односно еден ден пред почетокот на ЛОИ во Токио кои требаше да се организираат годинава, но поради пандемијата од коронавирусот се одложија за следната година.

Се вчитува...