НБА: Револуција во најава – промена на системот на натпреварување и парични награди за победниците

НБА лигата наскоро може да го промени форматот на натпреварување со цел да им понуди новитети на навивачите. Промените можат да дојдат веќе од следната сезона или пак сезоната 2023/24, а сите детали треба наскоро да бидат претставени, пренесува ЕСПН.

Новитет во лигата треба да биде елиминациски турнир на кој тимовите би се натпреварувале сред сезоната која пак наместо 82 ќе брои 78 натпревари. Според тоа тимовите ќе се сретнат и во прелиминарна фаза на основниот дел од сезоната и истите ќе се распоредат на групи од кои ќе се пробиваат во завршна фаза во која ќе се најдат осумтте најдобри екипи.

Кулминацијата на ова натпреварување треба да биде околу Божиќ, а секој играч во победничкиот тим ќе добие награда во износ од еден милион долари.

Раководството на лигата е задоволно од идејата која произлегува од фудбалските натпреварувања во Европа и верува дека навивачите ќе ја прифатат.

Се вчитува...