НБА-шампионот си замина од Задар поради екс-селекторот на Македонија

Глен Дејвис беше најавуван како супер-засилување за тимот на Задар, како поранешен НБА-шампион кој ќе стане дел од АБА-лигата. Сепак, тој не одигра ниту еден меч за хрватскиот клуб, а според зборовите на Дејвис главен виновник за тоа е поранешниот македонски селектор Алеш Пипан, кој е шеф на стручниот штаб на Задар.

Американецот пристигна во Хрватска, но никогаш не одржа официјална промоција, за неколку дена подоцна да биде обелоденето дека тој воопшто не потпишал договор со Задар.

Дејвис на социјалните мрежи објави видео во кое ја кажува својата страна од приказната, вината посочувајќи ја директно кон Пипан.

„Се обидуваат да направат јас да изгледам како лошиот човек во целата ситуација. Ве молам разберете, јас сакам да играм во Задар, но во исто време се е бизнис. Кога вашиот тренер од првиот ден на доаѓањето ќе ве нарекува вас и сите останати играчи со најпогрдни зборови и ќе ги третира сите како гом.а, наместо да ги тренира кошарка, тоа веќе е проблем. Не постои никаква почит, тешко е да се игра кошарка за таков човек. Извинување до навивачите, но Задар ќе треба да плати за да останам во тој клуб. Бидејќи договорот беше да играм за ништо, да играм за искуство. Им посакувам многу среќа на сите“ – објави Дејвис.

Се вчитува...