НБА со нова промена на правила: Од еден напад четири поени, тешко на овој кој ќе се сретне со Адетокумпо

НБА лигата размислува за нова промена на правила со која ќе се забрза играта, пренесува американскиот медиум „The Athetic“. Според информациите, најсилната кошаркарска лига размислува на идејата секој прекршок во транзиција да се казнува со слободно фрлање, а топката да остане во посед за тимот над чиј играч е направен прекршокот.

Со тоа еден тим може да стигне и до четири поени во еден напад (слободно фрлање + реализиран обид за три поени) кое носи и револуција во кошаркарта. Новото правило воедно би донело неверојатна доминација на атлетските кошаркари како Јанис Адетокумпо на кои не им треба многу простор за започнување на транзиција.

Сепак останува недефинирано кога би се применувало ова правило, односно дали кога станува збор за прекршок од „последниот играч“ на теренот како што е моментално во европската кошарка и истото се казнува со неспортска лична грешка која носи две слободни фрлања и посед.

Повеќе информации за новиот предлог ќе има во следниот период, а истиот ќе биде ставен на гласење во јули.

Се вчитува...