НБА спектаклот во Солт Лејк Сити донесе и нов ол-стар рекорд (ВИДЕО)

Тимот на Јанис го победи тимот на Леброн во НБА Ол-стар натпреварот одигран во Солт Лејк Сити со 184-175 во натпревар во кој доминираше Џејсон Тејтум.

Асот на Бостон постигна 55 поени со што постави нов рекорд по бројот на постигнати поени во егзибицискиот натпревар и влезе во историјата на првенството.

Него го следеше Донован Мичел со 40 поени и 10 асистенции, додека Џејлен Браун со 35 поени и 14 скока беше најрасположен во екипата на Леброн. Џоел Ембид и Кајри Ирвинг додадоа по 32 поени. Балканците Никола Јокиќ и Лука Дончиќ имаа скромен учинок реализирајќи по четири поени.

Резултатот беше во втор план, а спектаклот го одбележаа повеќе атрактивни потези како асистенцијата од табла на Леброн Џејмс…

За овогодинешниот Ол-стар натпревар беше испишана и историја како прв во кој капитените на двата тима драфтуваа играчи.

Се вчитува...