НБА натпреварот помеѓу Детроит и Орландо го одбележа ретко виден инцидент во поновата историја на првенството откако непосредно пред крајот на првото полувреме дојде до масовна тепачка помеѓу кошаркарите на двата тима, а епилогот беше брутален и подол нокаут.
Дисциплинската комисија на првенството детално ја истражи немилата сцена по што се одлучи на тешка казна и суспензија на 11 кошаркари од двата тима.
Најголемата казна ја доби Хејс кој поради ударот зад грб доби казна без право на настап во три натпревари за кои нема да добие ни плата, а Диало беше казнет со еден меч. Вагнер кој помина најлошо во инцидентот заработи казна од два натпревари, а преостанатите осум се играчи на Орландо кои дотрчаа од клупата.
Но, за Меџик да има доволно кошаркари за настап на следните натпревари суспензијата ќе биде во групи по четири играчи во следните два натпревара.
The following was released by the NBA. pic.twitter.com/QH6tSJI1l7
— NBA Communications (@NBAPR) December 30, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА