Антони неколку години беше исмејуван за слабите игри и бројки како член на Манчестер Јунајтед, но крилниот офанзивец за само неколку седмици во дресот на Бетис потсети на своите најдобри денови од периодот кога ги бранеше боите на Ајакс.
Антони на третиот меч за шпанскиот клуб го постигна и својот трет погодок, предводејќи го Бетис до триумф над Реал Сосиедад од 3-0. Домаќините имаа предност од фудбалер повеќе, во првото полувреме промашија и пенал, мачејќи се да го скршат отпорот на гостите се додека на сцена не стапи Антони.
Бразилецот одлично се снајде во 51. минута и со фантастичен волеј удар го матираше голманот на Сосиедад, носејќи радост меѓу домашните навивачи на „Вилјамарин“ во Севилја.
Откако отпорот беше скршен, Бетис до крајот успеа да постигне уште два гола, двата преку „резервистот“ Рока.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА