Не било до селекторот: Тунис прегазен и од Јапонија

Јапонија го декласираше Тунис со 4-0 во втората мундијалска рунда, дополнително продлабочувајќи ја кризата на оваа репрезентација што пред неколку дена се реши да го смени селекторот Ламуши и на негово место да го доведе Ерв Ренар.

Овој потег беше повлечен по убедливиот пораз од 1-5 од Шведска во првото коло, но Ренар не успеа да ги разбуди туниските фудбалери кои повторно одиграа далеку под своите можности и заслужено претрпеа убедлив пораз.

Во прилог на Јапонците одеше рано постигнатиот погодок, откако Камада по нецели четири минути игра успеа да го отвори резултатот. Противникот беше принуден да се отвори, а јапонските фудбалери знаеја како да го искористат тоа и преку Уеда зголемија на 2-0, резултат со кој се замина на одмор.

Доминацијата на „самураите“ продолжи и во вториот дел, најпрвин Ито стелаше прецизно за 3-0, пред Уеда со глава да го постигне својот втор погодок на натпреварот за печат на заслужениот триумф.

Јапонија во последното коло ќе се сретне со Шведска, додека Тунис ќе се збогува со овој мундијал со пресметка со селекцијата на Холандија.

Се вчитува...