Не чекавме долго, Бејл го „пецна“ Мурињо!

Герет Бејл по постигнатиот хет-трик против Шефилд Јунајтед имаше порака до екс-тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо, кој во изминатиот период често го критикуваше велшкиот ас.

Тој му се заблагодари на новиот тренер Рајан Мејсон за офанзивната тактика што му овозможува на Бејл да игра поблиску до противничкиот гол.

„Конечно го вративме победничкиот Тотенхем и нормално е да се очекува постигнување на повеќе голови“, изјави Бејл.

„Отровната стрела“ беше јасно насочена кон Мурињо, кога Бејл главно ја загреваше клупата, а многумина го наведоа неговиот конзервативизам како најголема причина за смена на трофејниот тренер.

„Работевме на оваа формација неколку недели, конечно играме фудбал на начин на кој е препознатлив Тотенхем. Ми требаат натпревари, и кога имам континуитет, нормално е да играм вака“, објасни Бејл.

Се вчитува...