Слабото издание на Кристијано Роналдо на првиот дуел со Конго (немаше ниту удар во рамките на противничкиот гол) се уште е главна тема во фудбалската јавност.
Сестрата на Роналдо ги обвини соиграчите на Кристијано за себичност бидејќи не додавале на неговиот брат, а во целата дискусија се вклучи Консеисао, крилниот офаннзивец кој е задолжен токму за упатување на топки кон шеснаесетникот.
„Ние сме среќни што го имаме Кристијано во своите редови, кога говориме за давање голови во светот не постои подобар од него. Сепак, тоа не значи дека секоја топка мора да оди кон него. Не чувствуваме обврска секогаш да му додаваме на Кристијано. Јас лично секогаш ќе му подадам на оној што е во подобра позиција, без разлика дали е тоа Роналдо или некој друг. Роналдо е токму за да помогне да стигнеме до што подобар резултат, како и секој друг. Тој е пример за сите нас, се уште е супермотивиран, што е исклучително ако се знае што се има постигнато во кариерата, но секогаш сака уште повеќе“, истакна Консеисао.
Португалија во второто коло од СП 2026 ќе се сретне со Узбекистан, дуел што е на програмата во вторник со почеток во 19 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
