Не е лажна вест: Невил и Гигс ги отвораат своите хотели за лекарите – Се е бесплатно!

Поради пандемијата на коронавирусот, Гери Невил и Рајан Гигс одлучија да ги отворат вратите на двата свои хотели кои успешно ги водат во Манчестер.

Поранешните легенди на Јунајтед, се одлучија да се солидаризираат со сите загрозени, па на лекарите кои деноноќно се борат за здравјето на заболените им ги отвораат своите хотели во кои ќе може да добијат се бесплатно.

„Минатата недела бевме во константен разговор со здравствениот сервис во Манчестер. Од утре нашите хотели ќе им бидат отстапени на лекарите и здравствените работници. Мислам дека во овој момент сите мора да бидеме солидарни“ – истакна Невил и дополни:

„Се е бесплатно, а лекарите како поддршка ќе ги имаат на услуга нашите запослени. Ќе имаат се на располагање како поодморни би можеле да се вратат на својата работа“.

Претходно, дел од шпанските медиуми објавија дека Кристијано Роналдо ќе го отстапел својот хотел за згрижување на болни од коронавирусот. Но, сето тоа потоа испадна дека е лажна вест.

Се вчитува...