Не е се идеално ни во Баерн Минхен: „Војна“ помеѓу Флик и Салихамиџиќ

Ханси Флик дојде во Баерн Минхен како замена за Нико Ковач, а оттогаш германскиот стратег го донесе секој можен трофеј за баварците, но колку и ситуацијата во Минхен да се чини идеална, германските медиуми тврдат спротивно.

Топ вест во Германија е „војната“ помеѓу тренерот Флик и директорот на клубот Хасан Салихамиџиќ, а како причина за истото се наведува незадоволството на стратегот од трансферите на клубот, исто како и директорот, кој не е задоволен од минутажата на играчите кои тој ги има доведено на „Алијанц Арена“.

Флик е незадоволен што Салихамиџиќ не може да најде адекватна замена за Тијаго Алкантара, како и неуспехот да се доведе ѕвездата на Челси, Калум Хадсон-Одои, додека директорот наоѓа замерка за минутажата на Рока, Сар, Нибел, Чупо Мотинг и Даглас Коста.

Покрај тоа спор се јавува и по друго основи. Флик не ја отфрли можнсота да го наледи Јоаким Лев на клупата на Германија, а германскиот стратег веќе некое време го убедува и Јулијан Нагелсман да го превземе минхенскиот клуб.

Клубот засега не се огласува за целата ситуација, а каква ќе биде целата разврска останува да видиме.

Се вчитува...