Не е се во парите: Тевез не е среќен во Кина, сака да се врати дома во Бока ј.

Аргентинскиот интернационалец Карлос Тевез, кој од Бока јуниорс се пресели во Кина, во редовите на Шангај Шенхуа, и стана најплатен играч во светот, не може да се прилагоди на тамошниот начин на живот и сака да се врати во Аргентина, објави „Оле“, водечкиот аргентински спортски весник. Тој неделно заработува по 615.000 фунти носејќи го дресот на Шангај, но веројатно и не е се во парите, па Тевез бара начин за да го раскине договорот и да се врати во Бока јуниорс.

Сепак, тоа нема да биде така лесно, барем од финансиски аспект гледано. Карлос Тевез ќе заработи 64 милиони фунти за две сезони во Шангај Шенхуа, но во договорот има клаузула дека Бока јуниорс ќе треба да плати отштета од 41 милиони фунти доколку тој реши предвреме да го раскине потпишаниот „дил“.

Се вчитува...