„Не е важно што Кејн нема да освои титула, рекордите се неговите медали“

Некогашниот репрезентативец на Англија, Алан Ширер изјави дека Хари Кејн треба да остане во Тотенхем, без разлика што големи се шансите да заврши без титула во Англија.

Хари Кејн веќе ја испиша историјата на Тотенхем, затоа што го постигна 200. гол во кариерата за тимот. Со тоа напаѓачот стана третиот фудбалер кој успеа да постигне повеќе од 200 гола.

„Можам да го замислам во Тотенхем до крајот на кариерата. Хари го сруши рекордот на Тотенхем, ќе добие споменик пред стадионот, и веројатно пред Вембли. Ќе го сруши рекордот по бројот на постигнати голови во Премиер-лигата. Неговите рекорди се негови медали, и мислам дека нема да му пречи ако кариерата ја заврши без освоен трофеј“, рече Ширер.

Се вчитува...