Не ги сакаат дома: Федерацијата им го укина чартерот на Уругвајците

По елиминацијата во групната фаза на Светското првенство, хаосот во репрезентацијата на Уругвај продолжи.

Уругвајската фудбалска асоцијација го откажа официјалниот чартер лет за враќање дома, па играчите патуваа со комерцијални летови одделно, секој до својата дестинација.

Во фудбалот постои непишано правило дека тимовите кои не се враќаат заедно по големо натпреварување честопати имаат сериозни проблеми во соблекувалната. Токму таков впечаток остави уругвајската репрезентација, која разочара на Светското првенство, со бројни индикации за лоши односи во тимот.

Според шпанските медиуми, репрезентацијата пристигна на Светското првенство со несогласувања околу тактичките одлуки на селекторот Марсело Биелса, кој по поразот од Шпанија и неговиот хистеричен испад во разговорот со медиумите, нема да остане на клупата на Уругвај.

Одлуката за откажување на заедничкото враќање во Монтевидео им овозможи и на репрезентативците да избегнат потенцијално непријатен пречек на аеродромот, или од навивачите или од медиумите.

Се вчитува...