„Не го доведов Јокиќ во Партизан, ми кажаа дека е дебел“

Легендарниот тренер на Партизан, Душко Вујошевиќ откри зошто ја пропуштил шансата да го доведе Никола Јокиќ во редовите на „црно-белите“.

„Можам сега да измислувам, но ќе бидам искрен. Едноставно не го видов, не го приметив. Знам дека луѓето кои работеа скаутинг во Партизан ми рекоа дека е дебел и дека не се исплати да го доведеме. Сега ми е многу криво. Тој превид само говори за слабостите во структурите на Партизан. Додека нас ни беше дебел, Мишко Ражњатовиќ го пронајде и го однесе во Мега. Ужасно ми е жал поради тоа“, изјави Вујошевиќ. 

Вујошевиќ и Јокиќ беа на спротивни страни од 2012 до 2015 година, кога српскиот центар го носеше дресот на Мега, а Вујошевиќ беше во Партизан.

Се вчитува...