Не го привлекуваат милионите: Тен Хаг може да има плата како Пеп или Клоп, но засега не размислува за Њукасл

Тренерот на Ајакс, Ерик Тен Хаг е еден од кандидатите за тренер на Њукасл, пишуваат англиските медиуми. Новиот газда на англискиот Премиерлига, сака да создаде силен тим, па за такво нешто му треба тренер.

Засега најсериозно име е Пауло Фонсека, меѓутоа се шпекулира и со името на Тен Хаг. Но, проблемот е што Тен Хаг засега негира, па дури и одбива можност да се пресели во Њукасл.

Според информациите, Њукасл е подготвен да му понуги на Тен Хаг 13 милиони фунти годишно, да го привлече да дојде во Англија, но очигледно, засега, милионите не му се во прв план.

За потсетување дека Тен Хаг претходно го одби Тотенхем, и покрај тоа што му нудеше подобра плата од сегашната која ја има во Ајакс.

Се вчитува...