Не го заборави учителот – Меси плаќа четири милиони евра да го извлече Роналдињо од затвор

Роналдињо беше на врвот на кариерата во Барселона кога шанса доби младиот Лионел Меси кој денеска е еден од најдобрите фудбалери во светот. Меси не заборава што се направи Бразилецот за него на почетокот на кариерата. Откако легендарниот Роналдињо се најде во големи проблеми, Меси одлучи да му помогне.

Имено, Роналдињо се наоѓа во затвор во Парагвај откако е обвинет за фалсификување на пасош. Него му се заканува три години казна затвор, а сигурно е дека нема да се извлече без казна. Медиумите во Бразил пишуваат дека Меси одлучил да му помогне на добриот пријател и прави се за да го извлече од затвор. Меси го ангажирал адвокатскиот тим на Бразилецот и подготвен е да плати четири милиони евра како отштета за Роналдињо да биде пуштен од затвор.

 

Се вчитува...