Претседателот на шпанската лига Хавиер Тебас, се надева дека Мејсон Гринвуд ќе продолжи да игра во Ла Лига и во иднина. Оваа сезона напаѓачот од Манчестер Јунајтед, се пресели во Гетафе, откако англискиот тим се реши да не смета на него поради проблемите кои ги имаше со судските органи во Британија, и судењето за обид за силување и нанесување на телесни повреди кон неговата девојка.
Сепак, сите обвиненија беа отфрлени, а Гринвуд повторно е со неговата девојка. И покрај тоа, во Англија и натаму не е јасно дали тој ќе се врати во Манчестер откако ќе му истече позајмицата.
„На Гринвуд му оди навистина добро во Гетафе, и се надевам дека ќе продолжи да биде успешен и ќе остане во шпанскиот фудбал, затоа што тоа е добро за нас“, изјави Тебас, и додаде:
„Тој е само фудбалер. Не ми е гајле за неговото минато, затоа што немаме што да правиме со историјата. Гринвуд не беше осуден, и затоа е невин. И самиот сум адвокат и знам дека не можеме секого да судиме за се. Да беше така, немаше да имаме тимови“, рече првиот човек на Ла Лига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА