Не може да издржи во С. Арабија: Нејмар пред сензационално враќање во Барселона!

Бразилецот Нејмар би можел да ја напушти Саудиска Арабија веќе по помалку од само една година од неговата преселба на Блискиот Исток. Како што пренесуваат шпанските медиуми, Нејмар е пред сензационално враќање во Барселона!

Бразилецот веќе имал разговори со претседателот на каталонскиот тим, Жоан Лапорта, и двајцата искажале отворена желба за нова меѓусебна соработка.

Нејмар играше од 2010 до 2017 година за Барселона, од каде се пресели во француски ПСЖ за рекордни 222 милиони евра. Со Барса освои осум трофеи, вклучително и две титули шампион на Шпанија и еден трофеј во Лигата на шампионите.

По шест години во Париз минатата година ја прифати астрономската понуда од Ал Хилал од 150 милиони евра по сезона. Но, по само пет натпревари, во кои постигна гол и три асистенции, ги повреди предните вкрстени лигаменти на левото колено и од тогаш не се врати активно на терените. Па, сега сака да го напушти клубот и да се врати во Барселона.

Се вчитува...