Не можеше да се воздржи: Солзите на Лука Модриќ… (ВИДЕО)

Лука Модриќ со настапот на синоќешниот натпревар за Хрватска во победата од 1-0 против Кипар во квалификациите за СП 2022 го претекна Дарио Срна и сега со 135 настапи е апсолутен рекордер во хрватската селекција.

Во 15 години, Модриќ промени шест селектори, настапи на шест големи натпреварувања, освои светско сребро, награда за најдобар фудбалер на СП, како и наградите на ФИФА и УЕФА и „Златната топка“ за најдобар фудбалер на годината.

Па, Хрватскиот сојуз по синоќешниот дуел ми подготви видео-изненадување со прилог во кој е „скоцкана“ неговата кариера, а потоа доби и овации. Модриќ од силните емоции не можеше да ги сокрие и солзите…

Се вчитува...