„Не постојат веќе правила поради кои Новак не може да игра на Австралија опен“

Остануваат уште три месеци до почетокот на Австралија опен, а веќе се шпекулира дали Новак Ѓоковиќ ќе може да настапи во Мелбурн. Во споредба со лани, невакцинираните странци сега можат да влезат во Австралија, но за да може Ѓоковиќ да игра прво треба да му биде укината тригодишната забрана за виза.

Крег Тајли, директорот на Австралија опен изјави дека одлуката за ова е на сојузната влада, тамошните медиуми се занимаваат со темата речиси секојдневно, а се огласи и легендарниот тенисер Тод Вудбриџ.

„Мислам дека е важно да не дозволиме емоциите да надвладеат, без разлика дали ви се допаѓа Новак како играч или не ви се допаѓа како играч. Она што е важно е кои се фактите за тоа дали му е дозволено да дојде во Австралија. Мораме да запомниме дека околу три недели по Австралија опен, сите правила со кои имаше проблеми беа сменети, т.е. со кои владата имаше проблеми. Веќе скоро 12 месеци имаме целосно изменета ситуација во однос на доаѓањето во Австралија, сега нема ограничувања и правила поврзани со Ковид“, вели Вудбриџ.

Првиот Грен слем турнир во следната сезона започнува на 16 јануари, а Ѓоковиќ е деветкратен шампион во Мелбурн.

Се вчитува...