Не само Бенфика, и аргентински великан добро заработи од трансферот на Енцо Фернандез

Енцо Фернандез премина од Бенфика во Челси за 120 милиони евра со што стана најскапиот трансфер во историјата на Премиерлигата. А, од него добро ќе заработи и неговиот поранешен клуб во Аргетнина, Ривер Плата на кој ми следат 35 милиони евра.

Сега 21-годишниот Аргентинец кој ја осови и наградата за најдобар млад играч на Светското првенство во Катар настапуваше за аргентинскиот клуб до почетокот на оваа сезона пред да реализира трансфер во Португалија вреден 10 милиони евра.

Фернандез беше желба на Челси од почетокот на јануари, а и покрај долгото одбивање на трансфер од страна на претседателот на португалскиот клуб на крај се реализира големата желба на Тод Боели.

Се вчитува...